Македонска Каменица, 13.05.2022 година – “Асфалтиран е патот до Дракарска маала во село Луковица. На овој локален пат останува да бидат финиширани банкини од двете страни”, – стои во соопштението, денес објавено од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, во чие продолжение се вели “Продолжуваме со изградба на патишта во сите средини и трајно ги решаваме на инфраструктурните проблеми на нашите жители”.
Со овој Договор ќе бидат реализирани локални патишта во неколку рурални и приградски средини.