Аплаузи за Пандев и од најголемите и најзначајни светски медиуми (ФОТО)

Горан Пандев по две децении во македонскиот дрес синоќа го имаше својот последен едночасовен танц на фудбалскиот терен, па ги крена сите на трибините на култната „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам со аплауз да го испратат во пензија.

Капитенот на македонската репрезентација ја заврши кариерата со 122 меча во националниот дрес, 38 гола, настап со Македонија на Еуро 2020, деби голот за црвено-жолтите во европскиот крем, сѐ како шлаг на тортата на извонредната кариера во која освои сѐ што можеше да се освои (Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова), а со неговиот гол во Тбилиси го обезбедивме историскиот настап летово на големата сцена.

За големата кариера на великанот на македонскиот фудбал вчера му се поклонија и најголемите, најугледни и најзначајни спортски медиуми на светот. Од шпанска „Марка“, германски „Кикер“, италијанска „Газета дело Спорт“, телевизиите Еуроспорт, Скај Спорт, ЕСПН, па се до аргентински „Кларин“.

Пандев замина во пензија на најубавиот начин на голем турнир, оставајќи некои нови и млади дечки да ја преземат палката и Македонија да ја задржат на големата сцена и во иднина.

Линк до целата содржина ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *