Апел за помош на чичко Коле. Се работи за човечки живот!

Апел за помош. Се работи за човечки живот!
Од пред неколку дена трае голготата на еден бездомник кој не во добра здраствена состојба. Го најдовме човеков на клупа целиот укочен , делумно неподвижен и премрзнат бидејќи ноќите ги минува на клупа. Неколку пати повикавме брза помош и полиција но се се сведуваше дека не е во нивен домен ваквиот случај.

Сепак постои човечност кај луѓето кои му даваа храна, вода, го преместуваат поради дождот но секако ова не е решение. Полицијата констатираше дека е бездомно лице и не превзема некои други мерки го оставија повторно на улица, луѓето од Брза помош му измерија притисок и констатираа дека е во нормална здраствена состојба и они го оставија на улиица.

Незнам кои институции се компетентни за згрижување на изнемоштени бездомници како што е случајов со чичко Коле? Или ги оставаат на улица на милост и немилост .
Човекот лежи со денови беспомошен, неможе самостално да оди и целосно укочен од студ и ниедна институција нема слух. ШЕРНУВАЈТЕ го постот да се најде институцијата која ќе го згрижи беспомошниот Коле!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *