Антонина Шопоска потпиша нов едногодишен договор со ЖФК Каменица САСА

Македонска Каменица, 29.04.2022 година – Денеска, во просториите на ЖФК Каменица САСА, потпис на нов едногодишен договор стави интернационалката од Бугарија, Антонина Шопска.

Антонина Шопоска имаше одличен настап во Лигата на шампиони и бележи одлични натпревари во тековната сезона со 8 постигнати голови и 10 асистенции. Според стратегот на актуелниот шампион на Македонија, Зоран Златковски „ова е доволен учинок за продолжување на соработката и потпишување на нов договор со екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица“.

ЖФК Каменица САСА утре со почеток од 15:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, го игра 17. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, против екипата на ЖФК АСС Јунајтед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *