Антикиризната акциза завршува, поевтинува дизелот

Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе формира нови цени на нафтените деривати. Во последниот период значително се зголеми цената на нафтата на светската берза, а тоа се одрази и на цените на горивата во земјава. Поради поскапувањето, исполнети се условите да се укине зголемената акциза на дизел горивото која Владата ја усвои во април лани како антикризна ковид мерка за да се зголемат буџетските приходи, поради што денеска дизел горивото се очекува да поевтини за два денари.

Во периодот кога Владата ја усвои зголемената кациза нафатата значително поевтинуваше или само од почетокот на годината до април 2020 година цената беше намалалена за 20 денари. Владата усвои Уредба со која акцизата на дизелот ја зголеми за три денари, но услови таа да биде на сила додека нафатата е евтина. Имено зголемувањето на акцизата за плус 3 денари, требаше да важи како анти-кризна мерка доколку не се промени односно не се зголеми цената на нафтата. Сепак тоа се случуваше па кога цената на нафтата се зголеми за 10 денари, акцизата се намали за 1 денар. Сега малопродажната цена се зголеми за 20 денари, па акцизата денеска се намалува за 3 денари, односно се враќа цената која ја имаше во моментот пред воведување на оваа анти-кризна мерка.

Сепак тоа поевтинување ќе трае кратко или само до усвојувањето на предлог измените на Законот за животна средина во Собранието.

Со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин, горивото за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Владата соопшти дека основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.

Експертите сепак тврдеа дека ако се воведува еколошката такса треба да се применува етапно. Таа секако ќе ги поскапи горивата и ќе ја подгрее инфлацијата.

А.Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *