АМСМ: На Табановце се чека околу еден час, на Богородица до 40 минути

Од АМСМ додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Авто-мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен, а дека на граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути за излез и влез во државата, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути.

Оттаму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *