АЛАРМАНТНО: ЗА НЕКОЛКУ ДЕНОВИ БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗГОЛЕМЕН ЗА НАД 400%

Македонска Каменица, 03.11.2020 година – Денес објавените информации од Министерството за здравство покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Македонска Каменица и Делчево има вкупно 273 регистрирани позитивни случаи на Ковид 19.

Според податоците од Центарот за јавно здравје во нашата општина имаме вкупно 66 позитивни лица на Ковид 19. Од нив 35 лица веќе се оздравени, а бројот на активни во моментов изнесува 30.

Загрижува фактот дека во последните денови се регистрирани 26 нови случаеви и имаме пораст на Covid-19 за дури 410%.

Во целост денешниот извештај на Министерството за здравство:

Во последните 24 часа се направени 2731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 459
– Куманово 25
– Дебар 1
– Штип 18
– Прилеп 78
– Тетово 44
– Струга 11
– Велес 79
– Битола 33
– Охрид 37
– Кавадарци 24
– Гостивар 9
– Гевгелија 3
– Струмица 26
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 3
– Кочани 8
– Пробиштип 2
– Демир Хисар 3
– Пехчево 1
– Берово 1
– Валандово 2
– Виница 4
– Делчево 10
– Кратово 5
– Свети Николе 9
– Кичево 5
– Ресен 2
– Неготино 5

Починати се 24 лица, двајца пациенти од Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од:
– Скопје 199
– Куманово 18
– Штип 15
– Прилеп 25
– Тетово 25
– Струга 6
– Велес 11
– Битола 7
– Охрид 14
– Кавадарци 15
– Гостивар 11
– Гевгелија 16
– Струмица 26
– Радовиш 5
– Крушево 1
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Берово 4
– Валандово 1
– Свети Николе 7
– Кичево 7
– Неготино 4

Досега во земјата се направени вкупно 255.904 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *