Акција за заловување кучиња во Македонска Каменица

Македонска Каменица 16. 08.2019 годинаДенес, во Македонска Каменица беше реализирана акција за заловување на кучињата скитници.

Акцијата беше спроведена во централното градско подрачје, приградските населби и во дел од селските средини. Во акцијата се заловени 9 кучиња скитници од страна на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово – компанијата која на основа на претходно склучениот договор за услуги, спроведува и постапка за нивно соодветно третирање, – изјавија од општината.

Од општината исто така, најавуваат уште акции за заловување на кучиња скитници во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *