ЏК „Рудар“ – Македонска Каменица официјално примен во Џудо федерацијата на Македонија

До нашата редакција пристигна Известување од официјален претставник на Џудо клубот „Рудар“ од Македонска Каменица, Вера Шеќероска – потпретседател на на клубот, во кое се вели:

На 13. Април 2019 година, во Прилеп се одржа годишно Собрание на џудо федерацијата на Северна Македонија каде на Дневен ред беа ставени и разгледани апликационите документи од ЏК „Рудар“ – Македонска Каменица. По разгледувањето на барањето, истото беше едногласно изгласано за прием на нашиот клуб во џудо федерацијата на Република Северна Македонија. Со ова ЏК „Рудар“ од Македонска Каменица се здоби со право на учество на државни и меѓународни првенства кои ќе се организираат во државата и надвор од неа.

Со ова општина Македонска Каменица добива уште еден официјален клуб во кој млади и талентирани џудисти од нашиот град, ќе имаат можност за личен напредок и развој, како и клуб преку кој ќе постигнуваат одлични спортски резултати на државно и меѓународно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *