Џабе потрошени пари за патот кон граничниот премин Црна Скала кај Делчево

Џабе потрошени пари за патот кон граничниот премин Црна Скала кај Делчево

Земјениов пат кој води до Црната скала веќе 17 години е на врвот на листата на промашени инвестиции во источна Македонија. Во 2002 година од Делчево до Црната скала, каде што треба да има граничен премин со Бугарија се инвестираа речиси два милиони евра, пари од продажбата на Телеком. Патот тогаш беше пробиен и тампониран, а за негово асфалтирање беа потребни уште толку пари. Проектот беше стопиран, бидејќи од бугарска страна  немаше никакви активности. Но, со воспоставувањето на добрососедските односи жителите на Делчево гледаат нова надеж во отварањето на овој граничен премин.

Градежните активности, изградбата на патот  од бугарската општина Струмјани  кон преминот Клепало кај Берово влеваат надеж на локалните власти од крајниот исток дека и Црната скала може да биде реалност. Сметаат дека отварањето на овој мал премин ќе им донесе странски инвестиции во ТИР зоната, која сега е само  голема ливада, а до Софија ќе патуваат за еден час.

Пред 26 години македонските и бугарските власти потпишале договор за отварање на три мали премини за проток на патници, Клепало кај Берово, кој ја има целосната инфраструктура од македонска страна, Црната Скала кај Делчево и Ајдутски кладенец кај Пехчево. Засега е извесно дека жителите на Берово најбрзо ќе патуваат кон бугарските општини Струмјани и Сандански.

Пишува: ВикторијаЈованова

Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *