Ќе заседава Комисијата за заразни болести – можни ли се нови мерки?

Утре ќе заседава Комисијата за заразни болести.  Оваа комисија ќе одржи редовен состанок на кој ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.

Последниве денови бројот на новозаразени со коронавирус е над 1.000.

За 24 часа во Македонија има 29 починати и 1.264 нови случаи на коронавирусот. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Британскиот сој брзо се шири, а погодена е и младата популација. Деновиве имаше и млади на возраст од 23 и 24 години кои починаа. Во земјава на сила е полицискиот час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро.

foto freepik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *