Ќерката на Шенка Колозова повредена во тешка сообраќајна несреќа

Откако „Фокус“ објави дека во скопската населба Ѓорче Петров се случила сообраќајна несреќа во која е повредена ќерката на познатата актерка Шенка Колозова и уште петмина други, за случајот се огласија и од МВР.

Според информации од полицијата, во 17.30 се случила сообраќајна незгода на надвозникот во населбата Ѓорче Петров во Скопје, во која учествувале две патнички моторни возила Опел астра и Хјундаи, со скопски регистарски таблички. Возачот на Хјундаи К.К. е пренесена во ГОБ „8-ми Септември“, каде и е констатирана тешка телесна повреда. Нејзината сопатничка И.К. е пренесена во Ургентен центар. Во возилото Опел Астра се превезувале четири патници. Возачот Д.Т. е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде му е констатирана тешка телесна повреда. Во ГОБ „8-ми Септември“ биле однесени и сопатничките Б.Т. и М.Т. и констатирани им се телесни повреди. А.Т. е однесен во Ургентен центар.

Увидот на лице место е завршен, а сообраќајот е нормализиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *