ЈП Камена Река спроведе еко акција за чистење и уредување на повеќе јавни и урбани простори во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 12.08.2020 година – ЈП Камена Река продолжува со спроведување на редовни еко акции за чистење на јавните површини во општина Македонска Каменица. Утрово, вработените во претпријатието спроведоа акција за уредување и чистење на повеќе простори во централното урбано подрачје во Македонска Каменица.

Како претпријатие задолжено за јавната чистота и комунална хигиена во општината, одговорните лица во ЈП Камена Река најаваат спроведување на повеќе редовни еко акции на повеќе локации и јавни површини на целата територија во Македонска Каменица.

Во еко акциите, како и денес, покрај крупната механизација редовно учествуваат и сите вработени во претпријатието. Исто така, вработените во ЈП Камена Река упатуваат апел до граѓаните на општина Македонска Каменица за заеднички придонес кон зачувувањето на чистата животна средина и поголема одговорност на граѓаните при одржувањето на јавната чистота во заедницата.

Линк до објавата на ЈП Камена Река:

Еко акција за чистење и уредување на повеќе јавни урбани простори во Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *