ЈП Камена Река: Користиме уредни материјали за брзо топење на снегот од улиците, нема простор за паника кај граѓаните

27.02.2018 kamenica.mk

ЈП Камена Река – Македонска Каменица во текот на денешниот ден се произнесе со писмена реакција, известување до жителите на Македонска Каменица, со цел, правилно и навремено информирање на жителите од општина Македонска Каменица и да ги заштити од одредени дезинформации кои се шират на социјалните мрежи и дел од медиумите.

Kamenica.mk ви го пренесува во целост известувањето од ЈП Камена Река:

Почитувани граѓани на општина Македонска Каменица Ве известуваме дека материјалот кои се користи за побзо топење на снежната покривка по улиците во општина Македонска Каменица и во селските средини е индустриски црн песок за таа намена и индустриска сол. Не станува збор за никакви токсични отпадни материјали и нема простор за паника, а по завршувањето на временските непогоди истиот ќе биде собран.

Од ЈП Камена Река информираат дека нивните екипи, во текот на наредниот период остануваат на терен и во служба на жителите од општина Македонска Каменица се до нормализирање на временските услови и неприлики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *