ЈП “Камена Река” започна со собирање на електричен отпад од домаќинствата

ЈП ,,Камена река” од денес 01. февруари 2018 година, на подрачјето од Македонска Каменица ќе започне со собирање и депонирање на електричен отпад (големи домашни апарати, мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија, монитори, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ апарати, опрема за осветлување, флуоресцентни, компактни и други сијалици, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати, инструменти за следење и контрола и автомати).

За собирањето и депонирање на овој вид на отпад се набавени и поставени една металана корпа за електричен отпад во ОУ ,,Кирил и Методиј”, една метална корпа за електричен отпад во СОУ ,,Миле Јаневски Џингар” , една метална корпа за електричен отпад и една туба за отпадни батери во општина Македонска Каменица и една еколошка станица во кругот на Ј.П. ,,Камена река” каде граѓаните можат да го донесат и остават својот електричен отпад.

Лице за контакт Љупчо Цеков

тел. бр: 078/416-538

ЈП ,,Камена Река” – Македонска Каменица

27650669 10208763107955098 525130741 o27653220 10208763107915097 2039851771 o27653703 10208763109275131 2006245544 o27746355 10208763108955123 735415946 o27653771 10208763108635115 436280080 o27744403 10208763109315132 2126404783 o

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *