ЈП „Камена Река“ започна со пролетно засадување на млади садници

Македонска Каменица 21 Март 2018 – Вработените во ЈП Камена Река, по повод 21 Март – Денот на пролетта, го започнаа пролетното засадување на млади садници. Од планираните 370 садници поради лошите временски услови беа засадени само одреден дел од нив. Акцијата продолжува во текот на наредните денови.

Денес беа реализирани повеќе паралени акции во соработка со дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ и учениците при ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица. Садниците беа засадувани во кругот од детската градинка, неколку паркови од централното градско подрачје  и во дел од тревните површини околу училиштата во градот.

Покрај оваа активност, на засадување садници, ЈП Камена Река овој период започнува со редовното хортикултурно уредување на Македонска Каменица. За таа намена се предвидени голем број декоративни сезонски цвеќиња кои ќе бидат засадени на поголем број локации низ градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *