ЈП „Камена Река“ започна со вонредна дезинфекција на контејнерите и корпите за отпадоци

Македонска Каменица, 12.03.2020 година – ЈП Камена Река во соработка со општина Македонска Каменица започна вонредна дезинфекција на контејнерите и корпите за отпадоци во градската и руралните средини од општината. Како што најавуваат акцијата ќе трае и во наредните денови кога ќе бидат опфатени градските улици и јавните површини во Македонска Каменица.

„Следејќи ги препораките на Владата и Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, Јавното претпријатие „Камена Река“ започнува со вонредно дезинфицирање на контејнерите, кантите и корпите за отпадоци во градската средина и руралните делови од Македонска Каменица. Следејќи ги упатствата на Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје дезинфекцијата ќе продолжи со перење на градските улици и јавните простори“, – стои во соопштението објавено на официјалната веб страна на ЈП Камена Река

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *