ЈП „Камена Река“ врши дезинфекција на заедничките простории во сите станбени објекти

Македонска Каменица, 07.04.2020 година – ЈП „Камена Река“ покрај дезинфекцијата на сите градски улици и јавни површини започна повторна дезинфекција на влезовите и заедничките простори во колективните живеалишта. Од денес започна целосно дезинфицирање на сите станбени згради, просторите и приодите кон маркетите, банки, пошта и јавни установи. Покрај овие активности од ЈП „Камена Река“ изјавуваат дека продолжува миењето и дезинфекцирање на сите градски улици, поради што апелираат до граѓаните да ги отстранат своите возила.

Исто така, ЈП „Камена Река“ ги известува граѓаните кои живеат во индивидувални живеалишта дека продолжува делењето на дезинфекционо средство кое можат секој работен ден да го подигнат од кругот на претпријатието.

Според препораките и мерките донесени на состанок на Општински Кризен штаб на Македонска Каменица, ЈП „Камена Река“ активно е вклучено во изработката на пунктови за дезинфекција на возилата при влез во Македонска Каменица.

#ОСТАНЕТЕДОМА
#ОДНАСЗАВИСИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *