ЈОУДГ “Бамби” – втор објект кој добива фотоволтаични системи во Македонска Каменица

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура.
Вкупниот износ на програмата,
вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира
Министерството за финансии, а истата е
администрирана од страна на Светска
банка.

dav

Во рамките на оваа програма се
реализира проектот „Проектирање и
изведба на фотоволтаични системи во
рурални општини“. Преку реализацијата
на овој проект, финансирана со
средствата од Европската унија, ќе
бидат поставени фотоволтаични системи
во 36 општини на вкупно 108 објекта со што
ќе се допринесе за заштеда на
електрична енергија во јавните објекти
преку користење на алтернативни извори
за производство на енергија и заштита
на животната средина. Со средствата од
Европската Унија во општина Македонска Каменица,
финансирано е поставување на
фотоволтаични системи на следните
објекти СОУ “Миле Јаневски Џингар”, ООУ “Св.Кирил и Методиј” и ЈОУДГ “Бамби”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *