Јавен повик за пројавување на интерес за здруженија на граѓани, невладини организации и спортски клубови

На барање на невладините организации, здруженија на граѓани и спортски клубови објавен е Јавен повик за пројавување на интерес за невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности може да бидат финансирани од буџетот на општина Македонска Каменица, и ќе трае до 15.12.2021 година. Сите заинтересирани страни потребно е да достават кратка програма и финансиска конструкција до општина Македонска Каменица, а се со цел, правилно и навремено планирање на финансиски средства во општинскиот буџет за 2022 година.
Од Општината најавуваат дека Јавниот повик за доставување на барања за финансиска поддршка ќе трае во текот на месец јануари 2022 година, за што ќе бидат објавени дополнителни и поопширни информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *