На 21. Април 2022 година, по повод Светскиот ден на книгата и заштитата на авторското право, за првпат во Македонска Каменица ќе се одржи Литературно читање на дела и творби од роднокрајни автори.
Координаторот и Комисијата за родова еднаквост и еднакви можности за сите на Советот на општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ како организатори на настанот објавуваат Јавен повик за пријавување на роднокрајни автори за учество на Литературно читање по повод Светскиот ден на книгата и заштитата на авторското право.
Јавниот повик е отворен до 15. Април 2022 година. Бројот на роднокрајни автори учесници на Литературното читање не е ограничен.
Контакти за пријавување на Литературното читање:
– Весна Дончевска, координатор за родова еднаквост и еднакви можности за сите,
тел: 078 485 116
– Гоце Стојановски, директор на Култутно информативниот центар „Романса“ Македонска Каменица
тел: 078 566 469
Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица, КИЦ Романса Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ и Совет на општина Македонска Каменица. Медиумска поддршка, информативен медиум www.kamenica.mk.