Што бележи Билтенот на МВР на 30.09.2019

На 30.09.2019 во 20.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле А.Х.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По  документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.09.2019 во 21.50 часот на бул.„Гевгелија“ во Гевгелија од слобода бил лишен Ј.Г.(33) од Гевгелија, за кого била распишана централна потерница од Затвор „Идризово“ Скопје. На 01.10.2019 во 01.50 часот лицето било предадено во Затвор „Идризово“.

На 30.09.2019 во 19.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен А.М.Х.(40) од Република Турција, поради незаконски престој во Р.С. Македонија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(23) од с.Шипковица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во текот на јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска.

На 30.09.2019 во 12.15 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни работи во близина на црквата во с.Трново, битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

На 30.09.2019 во Пoлициската станица Кавадарци,   Б.М.(35) од Кавадарци пријавил дека во Кавадарци бил каснат од куче скитник на десната потколеница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *