Штип: И жешко и тешко за работниците во текстилството. Газдите на работниците не им даваат ни одмор ни пари

И жешко и тешко за работниците во текстилството. Газдите не им даваат ни одмор ни  пари, тврдат од невладината Гласно.

Наместо законски одредениот број на денови на име годишен одмор, работниците во најголем дел од текстилните фабрики добиваат само неколку слободни денови, поврзани со празници, покажале истражувањата на терен:

  • Најчесто одморот им е за 01 август и се спојува со неработниот Илинден и викендот, така што работницие како годишен одмор добиваат одвај три-четири денови, изјави Горан Трајков, граѓански активист.

И додека газдите не им го плаќаат одморот, дебело ги казнуваат за отскуство од работа или за предвремено напуштање на работното место, тврдат од Гласно:

  • Дневниците се движат од 270-400 денари, а казните за недоаѓање на работа или предвремено заминување се 1.500 денари, значи четирикратно повисоки, кажа Трајков.

Инаку, според член 48 , став 4 од Законот за работни односи „работникот има право на годишен одмор со минимално времетрање од десет работни дена“.

Член 117 од истиот Закон, пак, предвидува „на работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.“

Вака е на хартија, но во погоните работите стојат сосема поинаку.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *