Шест нови случаи со коронавирус- во државата има вкупно 18 заболени

Шест нови заболени од коронавирус, од вкупно 12 тестирани денеска. Со тоа во државата досега има вкуно 18 заболени со опасниот вирус. Една од нив е пациентка која стигнала доцна синоќа од Барселона. Во авионот патувала со заштитна маска и ракавици, имала симптоми и не се чувствувала добро. Се јавила кај лекрската екипа сама, по што е изолирана и однесена на Инфективна клиника. Сите 51 патници од авионот со кои патувала се ставени во изолација,  под надзор. Патничаката која допатувала од Барселона е од Скопје, а останатите петтмина новозаболени се од Дебар, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Вкупно 18 пациенти во државата се заболени од корона вирус, на Инфективна клиника има 13 , а 5 новодијагностицирани ќе останат во болницата во Дебар, таму има епидемиолог и двајца инфектолози. Сите се со лесна клиничка слика. Следните денови уште еден инфектолог од Скопје ќе се придружи на екипата во Дебар“ рече Филипче.

Од денес се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен за оние за кои ќе даде мислење МНР.

Владата го задолжи Минстерството за здравство на секој наш граѓанин кои доаѓа од странство да му овозможи да потпише документ за самоизолација.

„Со седење дома се помага да се зачува јавното здравје, да се стави рампа на ширење на вирусот, ние сме во фаза кога не знаеме што не очекува, имаме само едно место на локална трансмисија. Многу земји очекуваат пикот на вирусот да биде на крај на март и почетокот на април. Болничките установи кај нас се подготевни за се “, рече Филипче.

Владата денеска фомира Главен координативен штаб со кој ќе раководи претседателот на државата и во во кој ќе бидат вклучени сите министри, директорот на Центарот за управување со кризи и  други институции кои с е вклучени во справување со ситуацијата.

Главниот координатвен штаб ќе се состанува предпладне секој ден, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.

И во новите дополнителни лемрки, како што веќе објави НОВА, се следните: Се затвораат сите гранични премини, освен четири. Се затвора аеродомот во Охрид и тоа 48 часа по одлуката од денеска.

Се затвораат сите продавници во моловите, освен супермаркетите, продавници за храна и аптеките. Сите можат да функционираат по пат на онлјан нарачка, не со гости. Се затвораат кафетериите, клубовите, казината, спортските обложувалници.

На седницата на Влада е разработен планот како да се врши достава на продукти за Дебар и Центар Жупа, како ќе се прави тоа, за начинот на дезинфекција на возила и лицата  и тие да не излегуваат од зоната, вклучувајќи го и возачот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *