Шампионот Баскет Кам повеќе од диминантен на гостувањето во Кавадарци против ЖКК Пробаскет

По релативно изедначеното прво полувреме во спортската сала Јасмин во Кавадарци (33:38), екипата на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица го скрши отпорот на жилавиот ЖКК Пробаскет во вторите 20 минути од натпреварот. На крај и повеќе од убедливо делува победата на бранителот на титулата од Македонска Каменица, победувајќи со 94:65.

Репрезентативниот „трилинг“, Кметовска-Димова-Тасевска искомбинира дури 75, од крајните 95. поени за победничката екипа. Кај домашните, Јовановиќ реализираше 15, Стоева имаше 12, а Бошкова уште десет поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *