ШАМПИОНОТ БАСКЕТ КАМ ГО ОТВОРИ ПРВЕНСТВОТО СО ВИСОКА ПОБЕДА НА ГОСТУВАЊЕТО ВО СТРУГА

Победи во првото коло и за екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Куманово Гризли…

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Сигурен старт на шампионот Баскет Кам во Струга

Стартуваа возбудувањата и во најквалитетната женска лига.

Се чини без некои сериозни изненадувања. Фаворитите, барем оние кои на хартија важат за такви, ги оправдаа очекувањата.

Бранителот на шампионската титула, екипата на Баскет Кам 2011 славеше со убедливи (92:55) против видно подмладениот состав на Струга во кој од оној ланскиот, ги нема Кукунешкоска, Шејкероска и Стојаноска.

Неизвесност имаше се таму некаде до 18.минута, кога гостинската екипа водеше „само“ со (33:27). Во оние две до паузата, Баскет Кам направи серија (13-3), за високи (46:30) на големиот одмор.

Во третата четвртина, на теренот во салата „Нико Нестор“ постоеше само еден тим – гостинскиот, кој стигна на плус 30 (73:43), па тренерот Жаклина Стојановска можеше да има даде шанса и на, условно кажано, помладите кошаркарки кои ги има на располагање.

Димова финишираше со 22.поени, Адамовска имаше 16, а по 13. дадоа Тасевска и Максимовска.

Очекувано, Американката Ајана Мазук со 23.поени беше прв стрелец до домашната екипа во која репрезентативката Модева додаде уште 12.

Доста интересен натпревар одиграа екипите на Прибаскет и на Куманво Гризли, со акцент на присуство на неколку добри странски кошаркарки.

И се чини дека токму квалитетите кои ги има Снежана Алексиќ, потпомогната од американскиот двоец Џонсон-Кемп, ја донесоа конечната предуса, победата односно двата бода да одат за Куманово.

Овој „трилинг“ искомбинира 47, од крајните 59. поени на гостинската екипа.

Домашната застана на бројката 51, а добар дел од поените дојдоа од нивното засилување, Милица Јовановиќ, која реализираше 21.поен.

Полесно од превидувањата пак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја совлада екипата на Крива Паланка (78:61), во натпревар во кој аеродромки имаа голема предност во текот на сите 40.минути.

Со нови американски имиња во ростерот, како Кристел Томас и Ташара Џефрис, сепак е доста полесно за актуелниот бранител на титулата во Купот на Македонија.

Утре вечер од 18.часот, Вардар го дочекува составот на Бадел 1862.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      78:61

Пробаскет – Куманово Гризли             51:59

Струга 2009 – Баскет Кам 2011           55:92

9.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Вардар – Вадел 1862

Сала на КК„Вардар“ – Скопје

Извор: кфсм

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *