Честитка од градоначалничката Соња Стаменкова по повод големиот христијански празник Велигден

По повод големиот христијански празник Велигден градоначалничката Соња Стаменкова упати честитка со желби за здравје, лична среќа и семејна радост до православните верници и сите граѓани на општина Македонска Каменица.

 

Во честитката упатена од градоначалничката  Стаменкова се вели:


Почитувани,

Дозволете, во мое лично име и во име на општина Македонска Каменица, во овие тегобни мигови додека ја примаме убавата вест за Христовото Воскресение, да Ви посакам добро здравје, лична среќа и семејна хармонија.

Христијанството соединува и поврзува, давајќи надеж за полесно соочување со сите искушенија.
Радоста на Христовото воскресение на сите христијански верници нека им донесе мир, здравје и благодет.
Седете дома и прославете го Велигден со молитви во семејна радост!

Нека Ви е честито и вековито Христовото Воскресение, нека Ви е за многу години Велигден.
Бидете здрави, живи и благословени! 🙏

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *