Црвен крст – Делчево со донација за основното училиште и детската градинка во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 30.11.2020 година – Денес, во Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, од страна на Општинската организација на Црвен крст Делчево беа доставени безконтактен хигиенски тотем за дезинфекција на раце и обувки,безконтактен термометар и средство за дезинфекција.
Директорката на училиштето, Марина Стојановска Василевска изрази благодарност за донацијата. Додавајќи дека ваквите активности на Црвениот крст, треба да бидат поттик и на сите останати за взаемна поддршка и човечност во овие времиња.

За хуманитарните акции кои периодов ги спроведува Црвениот крст ни изјавија дека во соработка со Министерството за образование и наука и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбедија донација од дезинфекциски сетови, наменети за ООУ „Св. Климент Охридски“ и ООУ“Ванчо Прке“ во Делчево и ООУ “Кирил и Методиј” Македонска Каменица. Исто така, обезбедени се и сликовници за градинките “Весели цветови” Делчево и “Бамби” Маледонска Каменица. Истите денес, беа доставени до училиштето и градинката во Македонска Каменица од страна вработените во Општинската организација на Црвен крст Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *