Цел Балкан пишува за ЖКК “Баскет Кам” и подемот на кошарката во Македонска Каменица

04.04.2021 година – ЖКК Баскет Кам е вистинско освежување на кошаркарската сцена во Македонија. Новите засилувања на екипата од Македонска Каменица само ќе ја потврдат доминацијата на Баскет Кам девојките во годинашново првенство.

Македонска Каменица е новиот центар на кошаркарската мапа на Балканот.

По капитенот на женската репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ, првопласираниот тим во Источната дивизија од Првата лига Баскет Кам донесе уште две српски интернационалки.

Во Македонска Каменица се преселија 32-годишната Драгана Гобељиќ која игра на крилните позиции и 28-годишната Ивана Брајковиќ, центар. Двете кошаркарки доаѓаат од Краљево, но имаат големо интернационално искуство во Бугарија, Чешка, Германија, Грција, Романија, Русија и Германија. Гобељиќ и Брајковиќ ќе играат за Баскет Кам еден месец, односно во Суперлигата и плеј-офот, како и завршницата од Купот.

Со двете нови кошаркарки, плус репрезентативките Митрашиновиќ, Поп Димитрова и Кметовска, Баскет Кам се промовира во можеби најголем фаворит за двојната круна во домашната кошарка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.