Хуманитарна театарска претстава “Душички” – Брачна Игра во Домот на култура

Денеска, со почеток од 19:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе биде изведена театарската претстава “Душички” – Брачна Игра во продукција на Златен Заб – Скопје.

– Настанот е во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица со продукцијата Златен Заб – Скопје. Театарската претстава е од хуманитарен карактер. Сите средства собрани од влезниците ќе бидат донирани за поддршка на лицата со посебни потреби, – изјавуваат од КИЦ Романса Македонска Каменица, од каде порачуваат, “сите заеднички да им дадеме подршка и да покажеме хуманост кон лицата со посебни потреби. Заедно да подариме љубов, поткрепа и топлина”.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите, по цена од 70 денари, можат да се купат од просториите на Домот на култура.

КИЦ Романса објави краток опис на претставата, кој ви го пренесуваме во целост:
Борба против себе си – за себе си.
Само вистината може да те ослободи, да те спаси…
Но понекогаш многу боли-кога посегнуваш по вистината-бидејќи си живеел толку далеку од неа.
Оваа претстава е обид да се стигне токму до неа (до вистината)-па поради тоа се влегува во борба или војна, понекогаш дури и со ближниот, со тој што најмногу го сакаш…
Продукција Златен Заб
Режисер: Ѓорѓи Ризески
Автор: Едвард Олби,
Улоги: Џилијан: Надица Петрова и Џек: Рахим Рамадани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *