ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – ДОНИРАЈ И ТИ!

Општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие „Камена Река“ во соработка со„Црвен крст“ организираат хуманитарна акција.
Акцијата ќе се оддржи во наредните три дена (среда. четврток и петок), на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, со цел да им се помогне на жителите од поплавените подрачја.
Приоритетно ќе биде донирање на флаширана вода, конзервирана храна, храна за бебиња, пелени и секаква козметика за бебиња и други средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, свеќи, пластичен прибор за јадење за еднократна употреба, ќебиња, постелина, вреќи за спиење.
Акцијата вклучува и пријава на волонтери кои ќе помогнат во расчистување на штетите предизвикани од невремето. Сите заинтересирани, кои сакаат лично да помогнат, дополнителни информации може да побараат во Јавното претпријатие „Камена Река“ Македонска Каменица.
Се повикуваат сите граѓани на општина Македонска Каменица да ја покажат својата хуманост и да донираат.
Хуманитарната акција ќе трае од 9-15 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *