Хорор во Штип: Додека го доела своето бебе ја нападнале соседите со закани дека ќе ја силуваат

Истите физички ја нападнале удирајќи ја со неколу тупаници во пределот на телото, по што оштетената паднала на подот, а осомничените продолжиле да ја удираат со клоци, а воедно и да и ја кинат облеката со намера да ја соблечат, а притоа ја допирале во пределот на градите и и се заканувале дека ќе ја силуваат. Ја изнеле девојката надвор од куќата во дворот, каде продолжиле со дејствието и намерата да извршат обљува врз неа, но биле спречени во намерата од соседи кои во моментот слушнале викање и барање помош, по што осомничените избегале од местото на настанот, а оштетената била однесена со итната медицинска помош.

СВР-Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно рачистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.