Фросина Милошевска обезбеди учество на државниот натпревар по Англиски јазик

Македонска Каменица, 15.04.2019 година – СОУ “Ванчо Прке” – Виница, на 13. Април 2019 година, беше домаќин на регионалниот натпревар по Англиски јазик за ученици од средните училишта.

Фросина Милошевска, под менторство на проф. Емилија Ристовска, при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица на овој натпревар успеа да го освои високото трето место. Со овој успех, Фросина Милошевска обезбеди учество на државен натпревар кој ќе се одржи во Скопје, некаде на средината од месец Мај.

Ова претставува нејзин огромен личен и успех на училиштето, кој произлегува од постојаното залагање за нови знаења на учениците и изнаоѓањето на нови методи за продлабочување на знаењето од страна на професорите од средното училиште во нашиот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published.