Фото: Стигна Голф 8

Фото: Стигна Голф 8

На Интернет се појавија првите официјални фотографии од новиот европски бестселер, автомобил од германскиот гигант Фолксваген.

Еден од најзначајните модели во историјата на Фолксваген ја дочека својата 8 генерација за време во 45 годишното постоење.

Германскиот автомобилски гигант продолжува со формулата која веќе неколку децении му носи резултати, а на Голф му ја обезбедува лидерската позиција во Европа.

Фолксваген го продолжува трендот на еволутивен  дизајн на овој автомобил со погонско – механичка модернизација и примена на најновите технолошки достигнувања.

На интернет се појавија фотографии в очи на светската премиера на Голф 8, овие фотки не откриваат многу повеќе од тоа што се виде на шпионските фотографии.

Надворешноста на Голфот 8 е помодерна со повеќе криви линии во однос на претходниот модел. Има издолжени фарови и поголеми отвори за воздух на браниците, што се заедно го прави новиот Голф поинакoв и подинамичен.

Ако се гледа од страна Голфот 8 не се разликува премногу од „седмицата“, а задниот дел му е стилски унапреден, со стоп светла чии облик е во скалд со најновата генерација на „ VW“ моделите.

На првите фотографии покрај основната верзија прикажани се и хибридните Голф ГТЕ и Голф Р „Лине“ .

Според најавите Голф 8 ќе биде долг 4,28 метри и висок 1,46метри. Меѓуосовинското  растојание е зголемено во однос на седмицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *