ФК „Каменица Саса“ со 4 : 1 славеше над ФК „Питу Гули“

Македонска Каменица, 03.09.2019 година – ФК Каменица Саса со 4 : 1 славеше над ФК „Питу Гули“. Вистинско уживање на навивачите на првата првенствена утакмица на домашен терен.

Брзото водство и првиот гол на Горан Здравков во 9′ минута, екипата на Каменица Саса ја навести победата. Капитенот Зоран Златковски постигна два гола во 30′ и 54′, а по примениот гол во 80′ од гостинскиот тим, победата ја бетонираше Христијан Ѕурѕу во 87′. Голот за гостинскиот тим го постигна Бобан Здравевски.

Изминатиот викенд се одигра Второто коло од Втората фудбалска лига – исток. Фаворитот Брегалница со високи 5-0 го порази Осогово во Штип.

Во другите натпревари постигнати се следните резултати:

Кит Го – Кожув         1:1

Победа-Беласица    0:3

Каменица Саса – Питу Гули 4:1

Тиквеш-Плачковица 3:1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *