ФК „КАМЕНИЦА САСА“ ПРОДОЛЖУВА СО НОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА И ПОДМЛАДУВАЊЕТО НА ТИМОТ

ФК Каменица САСА полека, но сигурно го скоцкува мозаикот околу новиот, посилен и подмладен изглед на тимот. Во текот на зимниот преоден период екипата на ФК Каменица САСА во своите редови донесе уште неколку значајни засилувања, пред се млади и перспективни фудбалери. Како и во претходниот бран засилувања, така и сега станува збор за врвни млади играчи, кои ги задоволуваат барањата на стручниот штаб и одговараат на потребните позиции и потребите во тимот.

Подготвителниот период е во тек, а веќе во среда на 24. Јануари, каменичани го играат првиот контролен натпревар против струмичка Беласица. А во Виница на 03. Февруари вториот контролен натпревар, Саса ќе го одигра против екипата на Академија Пандев.

  • Силвио Ангеловски е ново фудбалско име во редовите на Каменица САСА, кој доаѓа од редовите на младинските екипи на Металург и Вардар, а потоа како сениор има настапувано за Кожуф, Еуро Милк, Македонија Ѓорче Петров и Борец. Играч кој треба да ја засили одбраната на екипата од позиција „стопер“.
  • Дамјан Ивановски од Куманово е 21- годишен фудбалер кој исто така доаѓа од редовите на Вардар, Милано, Студена Вода и Гоблен.

  • Кристијан Јордановски, со свои 18 години има настапувано како младинец во Борец, Вардар и Македонија ЃП. Потоа како првотимец настапува и за штипска Брегалница.

    Исто така, во оваа прилика вредно е да споменеме дека редовите на ФК Каменица САСА ги напуштија досегашните првотимци: Иван Митров (Брегалница Штип), Риад Агуши, Жан Мановски, Драган Паунов, Емил Рунчевски и каменичанецот Зоран Златковски. Минатата година, најголем дел од нив беа донесени како видни засилувања на екипата од Каменица, но повеќето од нив, за жал не одговорија на своите задачи и нивната реализација на теренот не беше на задоволително ниво, особено не на  нивото од виснината на нивните финансиски договори и исплати.Тие овој пат својата среќа и борба за подобри услови во претстојната сезона ќе ги побараат во останатите екипи во некои од домашнните првенства.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *