Во 12. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Каменица Саса се среќава со ФК Борец во Велес.
Натпреварот помеѓу Фк Борец – Фк Каменица Саса се игра денеска, 13. Ноември 2022 година, со почеток од 13:00 часот.

ФК Каменица Саса се наоѓа во долниот дел од табелата, каде со 9 освоени бодови е на 13 место. Има две победи, три нерешени натпревари и два порази, со постигнати 10 голови и 17 примени. Екипата на ФК Борец има посригнато само 6 голови, со примени 40 погодока во сопствената мрежа и има 0 освоени бодови.
Минатото коло, ФК Каменица Саса против Детонит од Радовиш, одигра нерешено со 1:1 на Градскиот стадион во Македонска Каменица, а Борец беше совладан со 3:2 во Пехчево од екипата на Кит Го.
Според овој краток преглед од постигнатите резултати на двете екипи, екипата на Каменица Саса е благ фаворит на натпреварот.
Следното 13. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Каменица Саса го пречекува, седмопласираниот Караорман.