ФК Каменица САСА е првиот инклузивен клуб во државата

Македонска Каменцица, 17.12.2019 година – ФК Каменица САСА на својот Twitter налог ја најави најновата програма на клубот. Станува збор за инклузија на лица со попреченост и телесен хендикеп во фудбалската игра под мотото #ФудбалЗаСите.

„Сите сме исти“ и „Исто се радуваме на убавиот гол и фудбалски потег“ се постулатите на програмата која на почетокот треба на лицата со попреченост и телесен хендикеп да им обезбеди постојани тренинзи. Предвидени се и натпревари со други екипи на лица со попреченост и телесен хендикеп, за што од ФК Каменица САСА веќе имаат упатено и покани. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, ФК Каменица САСА иницира и формирање на Лига за натпреварување помеѓу инклузивни клубови во државата.

Пред само неколку денови ФК Каменица САСА спроведе еко акција #ДајГолЗасадиДрво во која учествуваа младинските и детските лиги на клубот. Акцијата беше помогната од општина Македонска Каменица, Рудник САСА и спроведена со логистичка поддршка од ЈП „Камена Река“ и ЈП „Национални Шуми“. Засадени беа 197 садници според бројот на постигнати голови на клубот во сите натпревари од есенскиот дел.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *