ФК Каменица Саса го скрши мразот! Се враќа со победа од гостувањето во Тетово

Нашата екипа ФК Каменица Саса извојува победа од 3:1 на гостувањето во Тетово против екипата на ФК Тетекс.

Иако, домаќините го отворија резултатот и први дојдоа до водство преку пенал уште во првиот дел од натпреварот, нашите момци во текот на второто полувреме ја имаа иницијативата на теренот и успеаја преку неколку конкретни шанси, целосно да го свртат резултатот во своја корист.
ФК Тетекс : Фк Каменица Саса конечни 1:3.

Ова е прва победа на каменичката екипа во пролетниот дел од првенството по 5 одиграни кола. Се надеваме дека следуваат уште многу натпревари во пролетниот дел од првенството за посветла иднина и поизвесен опстанок во второлигашкото друштво.

Стара Гарда Багери #КаменицаУбавГрад

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *