ФК Каменица Саса го најави саботниот дуел против ФК Арсими

ФК Каменица Саса го најави дуелот против четвртопласираниот Арсими. Натпреварот од 17. Коло на Втората МФЛ, се игра во сабота на 24. Февруари, со почеток од 14:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

Засилениот тим на ФК Каменица Саса има одлична можност, со победа пред домашна публика да се избори за значајни бодови на своето конто. Тимот од Македонска Каменица во зимскиот преоден рок реализираше повеќе засилувања во нападот и одбраната, со искусни фудбалски имиња и млади фудбалери кои добиваат шанса за докажување.

Поддршката од публиката е повеќе од потребна. Атмосферата во екипата е позитивна, со оптимизам за пролетниот дел од првенството, па во сабота очекуваме полни трибини и силна поддршка за нашата Саса од трибините на градскиот стадион во Македонска Каменица

ФК Каменица Саса е последна на табелата со 3 бодови заостанување зад Осогово и 6 бодови помалку од екипата на Караорман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *