Фабриција Ди Лоренцо – девојка од Италија ја бара цел Берлин

Припадник на Исламска држава во понеделникот вечерва со камион влета во толпа луѓе на новогодишен пазар во Берлин, при што уби 12, а потешко повреди 48 лица.

После несреќата неколку луѓе се водат како исчезнати, а меѓу нив е триесетгодишната Италијанка, Фабриција ди Лоренцо.

На местото на трагедијата пронајдени се мобилниот телефон и билетот за метро на Фабриција, но нејзиното тело го нема, и не се знае дали настрадала во нападот.

Ако не е, нејасно е зошто веќе три дена не им се јавила на семејството или некому од пријателите, пишува весникот „Република“.

До сега се идентификувани шест жртви, и сите се германски државјани.

italijanka-2

Семејството на Фабриција ди Лоренцо стравува дека таа би можела да биде меѓу настраданите, заради што мајка и и брат и допатувале во Берлин за да направат ДНК анализа и да се обидат Фабриција да ја идентификуваат меѓу загинатите.

Таткото на младата е скршен од тага и песимистичен.

„Немам голема надеж. Ја следев целата ситуација. Синот ми се јави од Берлин, и не ми остави впечаток дека Фабриција е жива. И понатаму чекаме официјална потврда, но не се надеваме на којзнае што, изјавил тажниот татко за „Република“.

„Дејли мејл“ пишува дека Фабриција ди Лоренцо во Германија стигнала во 2012 година, откако дипломирала во Болоња, и се вработила во компанијата „Бош“.

Судејќи по објавите на нејзиниот Фејсбук профил, била со либерални сфаќања и го поддржувала примањето бегалци.

Колегите од фирмата истакнале дека била многу мила личност, додека нејзиниот шеф рекол дека девојката била пријателски настроена и секогаш сакала да помогне.

„Како граѓанин на Германија ме вознемирува помислата дека ваков напад може да се случи на божикен панаѓур среде Берлин“, изјавил Стефан Волф, шефот на Фабриција, и одбил било што друго да каже за девојката.

Германската полиција во вторникот уапси мигрант од Пакистан поради сомнение дека тој управувал со камионот на смртта, но после неколку часа испрашување бил ослободен поради недостаток на докази, признавајќи ја својата грешка.

Убиецот, кој е припадник на Исламска држава, и понатаму се наоѓа на слобода, а полицијата со сите сили се обидува да го пронајде и уапси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *