Уште една сообраќајка со коњ и автомобил на улиците

12.XI.2017 (kamenica.mk)

На Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам се појавија нови слики од судир меѓу автомобил и запрежна кола. Овој пат коњот кој ја влечел запрежната кола удрил во задниот дел од автомобилот и го искршил стаклото.

Засега причините за сообраќајната несреќа не се посочуваат, но ваквите инциденти за ќал и не се така ретка појава.

Запрежните коли немаат задолжително осигурување и не е дозволено да се вклучуваат во сообраќај за што следат дополнителни казни. Исто така доведувањето во опасност на коњите воопшто не е хуман третман на едно животно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *