Уште еден супериорен натпревар на Баскет Кам пред домашна публика. Сега “жртва” беше екипата од К. Паланка

Кошаркарките на Баскет кам 2011 од Македонска Каменица ја задржаа предноста од три победи во однос на конкуренцијата откако со уште еден убедлив настап, славеа висока победа на свој терен.

Против Крива Паланка, имаа вишок од 30.поени (84:54), и на три кола пред крајот на втората фаза, скоро извесно ја потврдија првата стартна позиција пред плеј-офот.

Имаа одлична прва четвртина девојките од Македонска Каменица, која ја решија во своја корист со (26:10), а работата им беше доста олеснета со неиграњето на најдобрата кошаркарка во гостинската екипа, Американката МекКала.

До полувремето, таа разлика порасна и на недостижни (45:24).

 

Тренерот Жаклина Стојановска и даде одмор на Поп Димитровска, а со намалена минутажа беше и Кметовска.

Поентерски, со 18. поени, се издвои Димова, Николов и Зубац имаа по 15, а Адамоска заврши со 13. реализации, додека кај Крива Паланка, Хоукинс постигна 15.поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *