Учениците при каменичката деветолетка ги добија наградите од првоаприлскиот конкурс за најхумористична творба

Денеска, посета на основното училиште “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица остварија претседателот на Здружението на роднокрајни автори ,,Пијанечки глас” – Делчево, Христина Деолска; претседателот на Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река” М. Каменица, Влатко Ситновски и Миле Ѓорѓијоски – писател и еден од најпознатите македонски сатиричари.

– Гостите присуствуваа на литературното поетско читање на лични творби од ученици од V до IX одделение. Беа доделени дипломите и наградите за победниците на Конкурсот за хумористична творба реализиран по повод 1. Април – Денот на шегата, – изјавуваат од училишниот Клуб Инфо Медиум при каменичката деветолетка.

Дипломи и награди добија Бисера Владимировска V б одделение за освоена втора награда и Лина Стојковска V б одделение, за освоена III награда на Конкурсот во организација на ЗРА ,,Пијнечки глас” Делчево и Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река” Македонска Каменица.

Пред присутните, како што пишуваат учениците при Клуб Инфо Медиум, се обрати директорот на училиштето Виктор Георгиевски, а свое обраќање пред присутните имаа и Миле, Христина и Влатко.

– Сите ни порачаа да го негуваме македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да продолжиме и во иднина да твориме, да учествуваме на конкурси и да добиваме уште многу награди. Се надеваме дека и во иднина ќе имаме вакви заеднички активности, – додадоа од училишниот Клуб Инфо Медиум

Настанот го проследија членовите од новинарскиот училишен клуб ,,Клуб Инфо Медиум” Македонска Каменица, каде фотограф беше Памела
Стојковска. Снимател беше Иван Атанасовски, а монтажата и припадна на Јана Димитровска.
Извор на веста е прилогот прилогот работен од членовите на новинарскиот клуб ,,Клуб Инфо Медиум” Македонска Каменица. Линк до текстот од училиштето ОВДЕ.

 

 

Каменица.Мк Маркетинг фотографија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *