УХМР најавува високи температури за денеска – УВ индексот ќе биде 9

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 степени.

Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и утринска температура до 15 степени, а дневна до 32 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.