ЈП Камена Река започна со чистење и уредување на нова локација на излезот од градот кон Кочани. Локалцијата нуди прекрасен поглед кон Калиманското езеро, во кој ќе можат да уживаат граѓаните на Македонска Каменица и регионот.
Од ЈП Камена Река изјавуваат дека на оваа и останатите крајбрежни локации на територијата на општина Македонска Каменица, покрај регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица – Делчево, следува поставување и на урбана опрема.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2959144527539205&id=100003310618671