Уловил ајкула, ја расекол, а внатре нашол бебе ајкула што личи на човек (ВИДЕО)

Абдула Нурен (48) пронајде бизарно суштество, откако случајно уловил бремена ајкула при риболов, која се заплеткала во мрежа и починала. Абдула забележал дека носи три бебиња.

Во стомакот на мајката ајкула имало три младенчиња – две биле исти како неа, но третото било многу необично. Имало многу чудно лице, со две крупни очи, а луѓето истото го поврзуваат со човечкото лице.

На видеото, Абдула ја става ајкулата во хартиена кутија и ја става во „седечка“ позиција каде што се гледа нејзиниот стомак.

– Ја однесов дома и ја чувам таму. Многумина се понудија да ја купат и да ја однесат, но јас не го сакам тоа. Ќе ја задржам затоа што мислам дека ќе ми донесе среќа – рекол рибарот.

 

ФОТО: Јутјуб

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *