УБАВА ИНИЦИЈАТИВА: Група граѓани ја чистат Магилката за продолжување на традицијата со одбележување на христијанските празници на ова место (ФОТО)

Група граѓани после 10 години повторно ја расчистуваат Магилката. Таму во иднина, граѓаните од Македонска Каменица повторно ќе можат да ги одбележуваат христијанските празници

Група граѓани од Македонска Каменица самоиницијативно ја започнаа акцијата за расчистување и уредување на Магилката, место каде што во минатото се одбележуваа поголем број на христијански празници со народни собири и се делеше ручек за здравје.
„Акцијата за чистење  на просторот ја спроведуваме во пресрет на големиот христијански празник Св. Илија Илинден, за кога веќе започнавме организациски активности за одржување на народен собир на ова место, каде до пред 10 години се одбележуваа голем број на празници во текот на целата година“ – изјавуваат учесниците во акцијата, при што упатуваат покана „до сите заинтересирани сограѓани на заедничко одбележување и славење на празникот, со што сите ќе допринесеме за продолжување на оваа убава вековна традиција“.
Повеќе детали за точниот термин и почеток на одбележувањето со делење на ручекот за здравје на големиот христијански празник Св. илија – Илинден, граѓаните, од иницијативниот одбор дополнително ќе бидат известени.
Магилката е во непосредна близина на вливот на Каменичка река во Калиманско езеро, од источната страна. Овде во изминатите сто и повеќе години се одржувале христијански обреди со делење на светиот ручек за здравје (курбан), во склоп на одбележувањето на најголемите христијански празници во текот на целата година.
Оваа вековна христијанска традија беше замрена пред 10 години поради обивање на објектот и кражба на дел од инвентарот потребен за организација на ваквите настани. Сепак, со ангажманот на група граѓани кои живеат во овој дел на градот, се надеваме дека оваа традиција ќе успее да продолжи и ваквото одбележување на христијанските празници повторно ќе заживее во овој дел од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *