УБАВА ВЕСТ: Ученици при СОУ “Миле Јаневски Џингар” финалисти на Bootcamp-от во Струга

СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица објави убава вест за учество на Bootcamp во Струга од 02. до 04. Ноември во Струга.

“Училишниот тим составен од учениците Анастасија Аврамоска, Анастасија Николовска, Маријана Ристова, Мартин Павловски и Ана Ѓорѓиевска, под раководство на професорката Виолета Алексовска, се пласираа меѓу десетте финалисти” – стои во соопштението од училиштето, од каде, им посакуваат многу успех. Да бидат еден од петте победници кои ќе добијат по 120.000,00 денари за имплементација на нивното иновативно решение”.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина. Ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120000 денари. Оваа година финалисти на натпреварувањето, покрај тимот на СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица и тимовите од скопските училишта, финалисти се и училиштата од Делчево, Крива Паланка, Велес и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *