УБАВА ВЕСТ: Нашиот сограѓанин Андреј Малчев освои бронза на бодибилдинг Купот на Македонија 2024

Македонска Каменица, 23. Април 2024 година – Нашиот сограѓанин, 28 годишниот Андреј Малчев се враќа со медал од бодибилдинг Купот на Македонија 2024. Тој, во конкуренција од триесетина бодибилдери, го освои третото место во категорија до 90 килограми.

Како што денеска истакна Андреј Малчев, подготовките за неговиот голем подвиг траеле околу 5 месеци. Со интензивна работа и строг режим под менторство на познатиот балкански светски тренер Аднан Госто од Босна и Херцеговина.

Малчев, за себе ќе каже дека негова прва спортска љубов е ракометот. Со бодибилдинг се занимава околу 10 години со повремени тренинзи, а интензивно на овој спорт е посветен во последните 2 години. Роден е во Македонска Каменица, а веќе неколку години работи и живее во Хановер, Германија.

Купот на Македонија е најсилно национално боибилдинг натпреварување на Македонија, каде редовно се натпреваруваат над 50-ина билдери во машка и женска конкуренција. Годинава, натпреварите од купот се одржаа во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

 

Пишува: Горан Бразда

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *